Skip to main content
Хроника

Кочанчанец синоќа возел со 1,5 промили алкохол во крвта – задржан е во полициска станица

11/05/2025  20:48

При контрола на патниот сообраќај полицијата на улицата Стево Теодосиевски во Кочани фати 46-годишен кочанчанец кој возел автомобил со 1,5 промили алкохол во крвта. Пијаниот возач веднаш бил отстранет од сообраќајот.

„Полициски службеници утрово во 00:23 часот сопреле патничко возило ’сеат’ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А.. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станиц“, извести Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.