Skip to main content
Македонија

Клучна дебата вечерва во „Ноќно студио“: Колку е достапно лекувањето за македонските граѓани?

07/04/2026  12:31

По повод Светски ден на здравјето, вечерва во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV ќе се отвори една од најважните теми за граѓаните – состојбата во македонското здравство.

Под мотото за еднаквост и подобра здравствена заштита, емисијата ќе донесе директна дебата помеѓу институциите и здруженијата на пациенти, со цел да се слушнат реалните проблеми и да се побараат конкретни решенија.

Гости во студиото се:

  • Сашо Клековски – директор на ФЗО
  • Билјана Кузмановска – национален координатор за трансплантација
  • Ана Марјановиќ – „Хемаонко“
  • Димче Велев – Сојуз на здруженија на лица со дијабетес

Во фокусот ќе бидат прашања поврзани со достапноста на здравствени услуги, третманот на пациентите, терапиите, како и системските слабости со кои се соочува здравството.

Од 4тв.мк најавуваат динамична и отворена дебата во која ќе се соочат ставовите на институциите и граѓанските организации.

Бидете со нас вечерва на 4TV.mk – здравјето пред сè!