Skip to main content
Балкан

„Кликс“: Во тек е акција за приведување на министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ

26/12/2024  11:58

Во тек е акција за приведување на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.

Акцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи на Република Српска (РС) по налог на Државното обвинителство на БиХ, јави сараевскиот портал Кликс.

Нешиќ е осомничен за корупција во периодот кога ја извршувал функцијата директор на „Патишта РС“. Според информациите, МВР на РС подолго време ја истражувало оваа активност.

Во тек се и претреси во јавната компанија „Патишта РС“. Покрај Нешиќ, уапсен е и Младен Лучиќ, брат на поранешниот државен министер за човекови права, Милош Лучиќ.