Skip to main content
Македонија

Клековски: За само една година два пати ја проширивме позитивната листа на лекови, тоа значи реална заштеда на граѓаните

14/07/2025  12:25

Во месниот комитет Влае 2 говориме за тоа што затекнавме пред една година и како да одиме понатаму не навраќајќи се како беше пред една година, вели Сашо Клековски од Фондот за здравтсво.

„Еден од примерите како било, а како е сега, е фактот дека на позитивната листа 10 години не е вклучен ниеден лек, а за една година имаше 2 проширувања со 11 лeкови на позитивната листа од разни подрачја, кои ќе значат реални заштеди за граѓаните, помалку пари од нивниот џеб за лекови“, додава тој.

Истакна дека партијата продолжува понатаму со нов градоначалник на Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и со нивен градоначалник на Скопје.