
Како се управувало со финансиите во јавните здравствени установи и што покажале контролите на нивното работење, ќе соопшти денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски.
Првиот човек на Фондот ќе ги презентира резултатите од спроведените надзори, кои треба да дадат слика за ефикасноста и законитоста во трошењето на средствата во здравствениот систем.
Покрај финансиските аспекти, на прес-конференцијата ќе стане збор и за Извештајот од мониторингот на државните институции за 2025 година, поврзан со пристапот до информации од јавен карактер.
