Skip to main content
Свет

Кинескиот претседател ја прифати поканата на Русија да присуствува на одбележувањето на Денот на победата

10/02/2025  08:51

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја прифати поканата на Русија да присуствува на одбележувањето на советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна, јави денеска државната новинска агенција ТАСС.

„Кинескиот претседател Си Џинпинг ја прифати поканата да учествува на прославата на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна“, изјави рускиот амбасадор во Кина Игор Моргулов за руската државна телевизија, а пренесе ТАСС.

Кремљ во декември соопшти дека поканил „многу земји“ да присуствуваат на 80-годишнината од крајот на војната, која Русите ја нарекуваат Голема патриотска војна.