Skip to main content
Свет

Кина најави дека ќе ги брани „националните интереси“ по заканата на Трамп за воведување царина

22/01/2025  10:13

Кина најави дека ќе ги брани своите „национални интереси“ откако американскиот претседател Доналд Трамп Трамп изјави дека царина од 10 отсто за увоз на кинески стоки може да биде воведена од 1 февруари.

– Отсекогаш верувавме дека нема победници во трговска војна или војна за царини – рече портпаролката на кинеското Министерството за надворешни работи Мао Нинг.

Taa доаде дека Кина е „цврсто посветена на заштитата на националните интереси“.