
Кина и Индија се согласија да ја задржат позитивната динамика на своите билатерални односи, јави Синхуа.
Консензусот беше постигнат за време на разговорите меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и неговиот индиски колега Субраманјам Џајшанкар.
Ванг изјави дека светот се соочува со брзи промени, еднострани практики на притисок и предизвици за слободната трговија и меѓународниот поредок.
– Како најголеми земји во развој, со население од над 2,8 милијарди луѓе, Кина и Индија мора да покажат глобална одговорност, да дејствуваат како големи сили и да бидат пример за другите земји во поттикнувањето на мултиполарен свет и демократизација на меѓународните односи, рече Ванг.
Тој нагласи дека двете земји постепено ги обновуваат размените и дијалогот на сите нивоа и дека на границата се одржува мир и стабилност.
– Односите меѓу Кина и Индија покажуваат позитивен тренд кон враќање на соработката, додаде кинескиот министер.