
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека нема информации дека кинески државјани се заглавени во Куба по прекинот на летовите поради недостиг на гориво за авиони.
Недостатокот е предизвикан од американската блокада на испораките од Венецуела.
„Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на нејзиниот национален суверенитет и безбедност и се спротивставува на странското мешање“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Лин Џиан на прес-конференција.
„Секогаш ќе ѝ пружиме поддршка и помош на кубанската страна во рамките на нашите можности“, додаде таа, пренесоа британските медиуми.


