Skip to main content
Македонија

Километарска колона заглавени граѓани на патот Никифорово – Леуново

05/01/2025  19:46

Стотици посетители на Маврово попладнево се заглавени во своите автомобили поради натрупани патишта.

Ситуацијата е особено критична на патот меѓу населените места Никифорово и Леуново каде еден километар се минува за еден час.

Граѓаните на социјалните мрежи го споделуваат својот револт и бараат помош.

,,Заглавени сме на патот Никифорово-Леуново, километарска колона пред нас и и позади нас, стоиме во место. Тргнавме од Маврово кон Скопје пред 3 часа, а вкупно имаме поминато 5km. Сето тоа благодарејќи на упатствата и насочувањето на МВР, и покрај тоа што имаа информација дека патот од оваа страна на Мавровско езеро е блокиран од излизгани возила, а како последица на неисчистениот пат. Срам за полицијата!” пишува револтирана граѓанка.

Преку текот на денот застој имаше и на скијачкиот центар.

До сега, нема реакција од надлежните институции.