![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/2-1-1-1152x1536-1-768x1024.jpg)
Полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) во скопската населба Карпош.
Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага.
Ф.Ј. е уапсен и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ј.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.