Skip to main content
Скопје

KickOff Arena турнир во Џевахир Мол

01/03/2025  08:16

Во KickOff Arena во Џевахир Мол денеска ќе се одржи финалната група натпревари во мини фудбал 3 на 3 меѓу тимови од осум основни училишта од општина Аеродром. Во турнирот, кој почна на 17. месецов, учествуваа деца од основните училишта во општина Аеродром, поделени во две категории: II и III одделение и IV и V одделение.

Денеска со почеток во 10:00 часот ќе се одржат елиминациските натревари меѓу осум тима во секоја категорија, додека финалето кога ќе се одлучуваат победниците ќе почне во 15:00 часот.

Школскиот турнир во мини фудбал е во организација на Општина Аеродром во соработка со Сојузот на спортови на Општина Аеродром. За победниците сe предвидени и награди.