
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Л.К.(72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

Тој, на 15.07.2025 бил затекнат како со рибарски мрежи врши незаконит риболов во забрането подрачје во водите на реката „Белчка“ во атарот на кичевското село Белица, поточно во речно подрачје кое е забрането за риболов и кое е под концесија на Спортско риболовно здружение од Кичево.
Од него биле одземени четири рибарски мрежи што ги поставил во реката и улов од речна пастрмка.