
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(32) од Кичево и против правно лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“.
„При контрола извршена на 06.02.2025 на градежна површина со објект во изградба на улица „Тане Цалески“ во Кичево, градежен инспектор при општина Кичево констатирал дека пријавената А.С. и правниот субјект, како инвеститори, спротивно на Законот за градење и претходно дадените одобренија за градење, извршиле противправна доградба на три ката од градбите и над дозволената висина, по што градежниот инспектор го затворил градилиштето. При повторна контрола, извршена на 07.02.2025, било констатирано дека поставениот службен знак и службените ленти било отстранети, а на 11.02.2025, при повторна контрола на затвореното градилиште, биле затекнати работници кои вршеле градежни работи“, информираат од МВР.