Skip to main content
Хроника

Кичевчанец со автомобил удрил и тешко повредил 4-годишно дете

14/12/2025  14:56

На 13.12.2025 околу 12:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Прилепска” во Кичево, патничко возило „тојота” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) од Кичево, удрило во четиригодишно дете од с.Арангел, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило четиригодишното девојче, констатирани во Медицински центар Кичево.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.