Skip to main content
Хроника

Кичевчанец ограбен во близина на наплатната рампа „Миладиновци”

27/10/2025  13:31

На 26.10.2025 во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство”, во близина на наплатна рампа „Миладиновци”, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.