
На 27.02.2025 во 18.30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(45) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна ќерка.
Ќерката го пријавила дека поради претходни семејни недоразбирања, со остар предмет се заканувал на неа, нејзиниот сопруг и нејзиниот свекор, кој притоа се повредил во обид да му го одземе предметот.
Ф.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.