
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека денеска со шефот на Канцеларијата на ЕБОР Фатих Туркменоглу го потпишаа Договорот за инвестициски грант од 2, 4 милиони евра за проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце.
Договорот за грант е дел од инвестициониот пакет од 7,6 милиони евра за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија на Табановце, откри Николоски.