Skip to main content
Македонија

Ќе има вежба – Апел од МВР до граѓаните кои утре ќе се најдат во близина на меѓународниот аеродром во Скопје

08/03/2025  18:48

– Ги известуваме граѓаните дека утре 09.03.2025 (недела) на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба за вонредни состојби во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија, велат од МВР.

Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир, се вели во соопштението.