Skip to main content
Македонија

ЌЕ ИМА МНОГУ ДОЖД: Локално ќе наврнат над 70 литри дожд, можни се поплави!

25/03/2025  13:57

Под влијание на циклонска активност, односно на циклон со центар јужно и југозападно од нас, до самиот крај на овој месец во нашата Република Македонија ќе имаме чести врнежи од дожд, на повеќе места обилни и поројни, локално проследени со грмежи и со силен ветер (повремено и локално со брзина до, па и над 60 км/час). Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме, при што ќе има услови и за појава на град.

И во Скопскиот регион до самиот крај на овој месец ќе има чести врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи, како и со силен ветер (во вид на невреме).

За време на овој период локално ќе наврне големо количество на воден талог (над 60/70 литри на метар квадратен).

Температурите и во следните денови ќе бидат без поголеми промени во однос на оние кои ги имаме сега, што значи останува релативно топло поради јужното и југозападно воздушно струење.

Да напоменам дека, поради очекуваните обилни врнежи од дожд, можни се локални поројни поплавувања,а растат условите и за зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Република Македонија, што значи дека апелирам на крајна внимателност, особено во случај на појава на невреме и на поплавувања.