Skip to main content
Македонија

Казни за Детска клиника и за директорот Мемеди бидејќи не образложиле зошто е одбиен прием на седуммесечното бебе кое почина

19/12/2024  15:16

Казна за Детската клиника и директорот Реџеп Мемеди, поради тоа што не издале писмено образложение зошто е одбиено седуммесечното бебе кое почина на 15. декември, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во врска со починатото дете, и заклучиле дека истото било донесено на 9. декември поради висока температура и осип по телото. Првично биле прегледано, и упатено е на дополнителни испитување, по што е препишана терапија и испратено дома.

Потоа на 11. декември повторно било донесено на Клиниката, и хоспитализирано на Одделот за неврологија. Му се направени повеќе испитувања, а два дена подоцна трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија. По стабилизирање на состојбата, одново вратено во неврологија, каде престојувало неколку часа, и повторно вратено на интензивна, каде биле направени дополнителни прегледи, кои укажале на тешка општа состојба, па така во вечерните часови на 15. декември завршува со егзитус, велат од Инспекторатот.