
Католичката црква на Шпанија и Владата се денеска потпишаа Договор за обесштетување на жртвите сексуално злоупотребени од страна на свештеници. Договорот предвидува обесштетување и на жртвите, чии случаи застареле или сторителите починале.
– Денеска го помируваме долгот и им даваме правда на жртвите. Се движиме од децении молчење и заборав кон праведна компензација, што ја плаќа Црквата, изјави министерот за правда Феликс Боланос за договорот потпишан од неговото Министерство и Католичката црква.
Тој додаде дека според Договорот предвидува правобранителот да го разгледа секој случај и да предложи надомест – финансиски, морален или психолошки, врз основа на барањето на жртвата
Во 2021 година шпанскиот весник Ел Паис откри повеќе од 1.200 случаи на сексуална злоупотреба од страна на свештениците, скандал како што се откриени во Католичката црква во САД, Ирска и во Франција.
Во извештајот на шпанскиот омбудсман за човекови права од 2023 година се проценува дека во изминатите децении имало стотици илјади жртви. Извештајот е изготвен врз основа на анкета спроведена на 8.000 луѓе. До 2024 година над 700 луѓе ги изнеле своите случаи пред омбудсманот.
Додека истрагата нарачана од Католичка црква на Шпанија до крајот на 2023 година идентификувала околу 2.000 жртви.
Според договорот омбудсманот ќе го разгледа секој случај и ќе предложи надомест – финансиски, морален или психолошки – врз основа на барањето на жртвата. За надоместокот предложен од омбудсманот мора да се согласат и жртвата и Комисијата за процена на црквата.
Католичката црква на Шпанија соопшти дека досега исплатила околу два милиона евра на жртвите.
Новата постапка е наменета за жртви кои не сакаат директно да контактираат со Католичката црква.

