Skip to main content
Македонија

Катица Јанева излезе од затвор

13/12/2025  10:10

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделава го напушти КПУ „Идризово“, каде од 2021 година издржуваше затворска казна.

Како што изјави директорот на затворот Зоран Јовановски за СДК.МК, Јанева е пуштена на условен отпуст и до истекот на седумгодишната казна (до 2027 година) ќе има обврска редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и да ги почитува сите пропишани услови.

Во спротивно, може повторно да биде вратена во затвор.

Апелациониот суд Скопје во јули 2021 година ѝ ја потврди седумгодишната затворска казна за предметот „Рекет“, во која беше осудена заедно со Бојан Јовановски.