
Катерина Цаневска ќе биде носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје на претстојните локални избори, потврди лидерот на партијата Венко Филипче за „Слободен печат“.
– За носител на градската листа ја планираме госпоѓата Катерина Цаневска, којашто е искусен, пред сè човек, понатаму новинар со долгогодишно искуство во скопската хроника, искусна во соработката со локалната власт и мислам дека е човек кој што има кредибилитет да излезе пред граѓаните со програмата – изјави Филипче.
Цаневска беше долгогодишна новинарка, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност во Општина Центар во мандатот на градоначалникот Андреј Жерновски, како и во кабинетот на експретседателот Стево Пендаровски.