Skip to main content
Скопје

Катастрофа: Изгореа шест куќи во синоќешниот пожар во Злокуќани

14/07/2025  18:39

На 13.07.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Злокуќани, Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови.

Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69), Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.

Истрагата треба да даде одговори за причините за пожарот.