
Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, разговараше со принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, при што разменија мислења за тековните случувања и нивните влијанија врз регионалната и меѓународната безбедност.
Според извештајот од телефонскиот разговор, Катар и Саудиска Арабија ја нагласиле потребата од „итен прекин“ на секакви ескалации и враќање на преговарачката маса, пренесе Ал Џезира.
Салман ја потврди „целосната солидарност и поддршка на неговата земја за Државата Катар, нејзината силна осуда за нападите на катарската територија со ирански балистички ракети и нејзината посветеност да ја обезбеди сета можна поддршка на Државата Катар во сите мерки што ги презема за зачувување на нејзиниот суверенитет, безбедност и стабилност“.
Од своја страна, емирот на Катар изрази „длабока благодарност и почит за цврстите ставови на сестринското Кралство Саудиска Арабија и за нејзината искрена братска солидарност и непоколеблива поддршка за Државата Катар и нејзиниот народ“.

