Skip to main content
Хроника

Каснати од кучиња вчера во Чаир, Аеродром и Центар

07/02/2025  12:19

Ниту вчера не изостанаа пријавите до полицијата за напади од бездомни кучиња на подрачјето на Скопје.

На 06.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, Е.Ф.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 06.02.2025 во 16.50 часот во Полициската станица Центар, В.Ј.(42) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Петков Мисирков “ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 06.02.2025 во 19.40 часот во Полициската станица Аеродром, Н.И.(49) од Скопје пријавила дека на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.