Skip to main content
Македонија

Касами: Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

23/08/2025  17:29

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами денеска истакна дека тоа што е извршено намалување на бројот на советници во одредени општина нема етничка основа како што го претставува опозицијата од албанскиот политички блок. Тој се произнесе по ова прашање по барање на новинарите од настан во Тетово.

– Јас ценам дека ова нема етничка основа, иако албанската опозиција се обидува тоа да го користи за нивните дневни политички игри, а имајќи предвид дека општините со мнозинско македонско население имаат изгубено повеќе советници отколку општините каде Албанците се мнозинство. Затоа, мојата замолница е до Уставниот суд да одлуките во врска со оваа проблематика да бидат побрзо, имајќи предвид дека влегуваме во избори и не би сакал да изборите, некој да не ги прифати, поради оваа проблематика која е во однос на тоа резиденти, регистрирани жители, изјави Касами.

Тој испрати повик до сите политички фактори да не се злоупотребува ова за дневна политика.

– Затоа што веќе имаме одлука на Уставниот суд каде што има јасен став во однос на резултати од последниот попис и затоа повик до сите институции да постапуваат во однос на последната одлука на Уставен суд. Би сакал Уставен суд да биде поагилен во овој дел да и одлуките кои веќе се однесуваат на изборите да бидат пред избори за да не доаѓаме до ситуација како со претходната одлука која беше донесена од после и малку е покомплексно, како истата да се имплементира, рече Касами.