
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека денеска разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, но негира дека се откажал од коментарите што ги даде минатата недела и што го налутија американскиот лидер. Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, претходно тврдеше дека Карни „многу силно се откажал“ од изјавите со кои ги повика земјите да го прифатат крајот на светскиот поредок базиран на правила.
На прашање дали се повлекол од своите зборови, Карни одговори едноставно: „Не“. Тензиите меѓу САД и Канада ескалираа по повлекувањето на поканата за Канада да се приклучи на глобалната иницијатива „Одбор за мир“, што следеше по говорот на Карни во Давос, каде ги критикуваше големите земји што ја користат економската интеграција и тарифите како алатка за политички притисок.
