Skip to main content
Свет

Карлсон тврди дека трипати го молел Трамп да не го напаѓа Иран

08/03/2026  15:44

Aмериканскиот конзервативен новинар Такер Карлсон истакна дека во изминатиот месец трипати го посетил претседателот на САД, Доналд Трамп, во обид да го одврати од покренување воени напади врз Иран.

Карлсон истакна дека неговите обиди биле неуспешни.

– Летав за Вашингтон трипати во последниот месец за да се обидам да го убедам Трамп да не го прави тоа. Не успеа. Му предложив едноставно да прогласи победа по убиството на 86-годишниот верски лидер и да ги повлече силите, но некој го убеди во спротивното – изјави Карлсон во својата емисија.

Според неговите сознанија, на Трамп му се сервираат „лажни анкети“ според кои војната е популарна во сооднос 90 спрема 10, што не соодветствува со реалното расположение на јавноста.

Карлсон додаде дека во Белата куќа постои „информативен вакуум“ и дека претседателскиот тим не е свесен колку е војната против Иран вистински непопуларна меѓу граѓаните.