Skip to main content
Забава

Кардиологот Сашко Кедев го искачи врвот Канченџанга – му останува уште еден врв до целта!

27/05/2025  20:40

Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев го искачи врвот Канченџанга (8.586 м), третата највисока планина на светот. Тој беше дел од 10-члената експедиција Imagine Nepal, која на 23 мај успешно стигна до врвот.

Со ова, Кедев го освои својот 13-ти „осумилјадник“ — планински врв повисок од 8.000 метри, а му останува уште еден, Гашербрум I, за да ги комплетира сите 14 највисоки врвови на Хималаите. Ова го доближува до остварување на својот голем сон — да стане еден од ретките алпинисти кои успеале да искачат сите осумилјадници, подвиг кој бара огромна сила, храброст и издржливост.

Видеото од подвигот можете да го погледнете со клик ТУКА.