
Професорката Тања Каракамишева е именувана за нов советник на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, задолжена за областа на човековите права и владеењето на правото.
Информацијата за новиот професионален ангажман ја соопшти самата Каракамишева преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека оваа позиција е резултат на долгогодишната соработка со премиерот. Таа истакна дека назначувањето го доживува како голема чест, но и сериозна одговорност.
Во објавата, Каракамишева нагласува дека човековите права и владеењето на правото претставуваат најчувствителни сегменти од правниот систем, кои не ја дефинираат само внатрешната функционалност на државата, туку и нејзината позиција на меѓународната сцена.
Таа најави дека ќе работи со целосна посветеност и професионализам, при што фокусот ќе биде ставен на постигнување конкретни и мерливи резултати во рамките на македонскиот правен поредок.

