Skip to main content
Скопје

Кандидатурата за градоначалник на Скопје одложена од зелен хуман град

25/08/2025  16:56

Прес-конференцијата на коалицијата Зелен хуман град, на која требаше да ја претстави својата кандидатка за градоначалник на Скопје, е откажана поради здравствени проблеми на самата кандидатка.

Од организацијата не го открија името на кандидатката, но ја опишаа како личност со искуство во борбата за јавниот интерес и со визија за град кој ќе биде дом за сите, а не место за бетон и профит на мал број поединци.

Во поканата за прес-конференцијата се наведуваше: „Оваа кандидатура не е само уште едно име на ливчето. Ова е повик за отпор. Повик за надеж. Повик за град по мерка на луѓето, а не на партиските елити. Ова е продолжување на зелената и хумана трансформација на Скопје што ја започнавме пред четири години.“

Коалицијата не објави дали и кога ќе биде назначена нова кандидатура за градоначалник.