Skip to main content
Македонија

Кампањата против предметите на СЈО е операција за враќање на Груевски, велат од СДСМ

11/02/2026  14:00

Соопштение за јавност на СДСМ:

Во тек е координирана политичка операција чија цел е враќање на Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата.

Откако ги видовме резултатите од истражувањата во Унгарија, станува извесно е дека блискиот пријател на Мицкоски, Орбан може да се соочи со пораз на изборите.

Тоа го виде и Никола Груевски.

Наместо во Идризово, ВМРО му планира враќање во Белата палата.

Така изгледаат „реформите” во ВМРО. Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренција – се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.

Мицкоски е само чувар на фотелјата.

Клучниот чекор во ова сценарио е нападот врз СЈО и пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку орбановите медиуми во Македонија, пред сè преку Алфа, веќе се води црна кампања со наратив за „политички прогон” и „монтирани случаи”.

Целта е јасна – дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување.

Ова не е случајна медиумска офанзива. Ова е организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и да се претстави бегалецот Груевски како жртва.

Истовремено се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се поставуваат партиски луѓе на клучни позиции и се слабее институционалната независност. Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата”.

Ова не е внатрепартиска работа на ВМРО. Ова е директен напад врз владеењето на правото и европската перспектива на државата.