
Во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје денеска ќе се одржи кампања за заштита од пожар на шумите и други површини.

Како што информираат од Противпожарниот сојуз на Град Скопје, кампањата ќе се одржи на плоштад „Македонија од 11:30 до 12:30 часот. На кампањата ќе учествуваат и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и Национални шуми.
Кампањата е традиционална со едукативно-превентивен карактер и претставува голем придонес во заштитата на шумите и развој на општата и противпожарна култура меѓу младата и возрасната популација.