Skip to main content
Скопје

Камион удри во семафор на влез на Скопје, пешак повреден – Град Скопје: Се санираат штетите!

10/03/2026  17:31

Сообраќајна несреќа попладнево се случила на влезот во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е повреден пешак откако камион удрил во семафор, објави 4news.mk  

„Околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар  „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода, при што камион со скопски регистарски ознаки удрил во семафор, а притоа е повреден еден пешак“, соопштија од МВР.

Градските власти информираат дека нивните служби се веднаш излезени на терен по денешниот немил настан на булеварот „Александар Македонски“, каде камион со скопски регистарски таблички удри во семафор.

Екипите интензивно работат на отстранување на уништената сообраќајна сигнализација и на расчистување на коловозот за што побрзо нормализирање на сообраќајот во овој дел од градот.

Од Град Скопје нагласуваат дека, согласно законските прописи, сите трошоци за поправка и повторно поставување на семафорот ќе бидат фактурирани на товар на причинителот на штетата.

Додека МВР врши увид за утврдување на причините за несреќата, се апелира до сите возачи за трпение и зголемена претпазливост при движењето по оваа траса до целосното расчистување на теренот.