Skip to main content
Свет

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

06/08/2025  10:53

Најмалку 20 лица загинаа кога камион со храна се преврте врз цивили кои чекаа ред за помош во Појасот Газа преку ноќ, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија.

-Камионот се преврте додека стотици луѓе чекаа помош за храна во областа Нусеират, во централниот Појас Газа, изјави портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал.

Тој додаде дека „израелската армија го принудила камионот да се движи по опасни патишта, кои претходно биле бомбардирани“ и биле во лоша состојба