Skip to main content
Македонија

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

11/01/2026  22:56

Денеска (11.01) во 15:55 часот во СВР Скопје било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Пријавата била доставена од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, откако офицерот за безбедност на Амбасадата преку системот за видео надзор забележал дека стаклото на влезната врата е скршено.

Според досегашните сознанија, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото на вратата.

Видео од безбедносните камери го прикажува моментот на кршење на стаклото, а снимката е доставена до надлежните служби како доказен материјал.

На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на утврдување на сите околности и целосно расчистување на случајот.

ЛИНК до видео