Skip to main content
Македонија

Калас: Неопходно е Скопје да продолжи напред, местото на Македонија е во ЕУ

24/05/2025  15:17

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е неопходно да продолжи напред по патот кон Европската Унија.

– Задоволство е да се биде во Скопје. Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и првата што почна да ги користи придобивките од ншиот План за раст за Западен Балкан. Таа припаѓа во нашето европско семејство. Сега е неопходно да продолжи по патот кон ЕУ, напиша Калас на нејзиниот профил на платформата Икс.