Skip to main content
Свет

Калас: Европска армија би била „екстремно опасна“

02/02/2026  19:59

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска ги отфрли повиците за создавање европска армија, предупредувајќи дека тоа може да биде „екстремно опасно“. Таа истакна дека за членките на НАТО создавањето посебна армија не е практично, бидејќи најважниот ресурс за време на криза е „синџирот на команда“ и надзорот на воените операции, кој го врши највисокиот сојузнички командант моментално генерал-потполковник Алексус Гринкевич од воздухопловните сили на САД.

Прашањето за европска армија повторно се отвори по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп околу Гренланд, што го засили вниманието кон автономните безбедносни приоритети на ЕУ.