Skip to main content
Македонија

Калајџиев: Спинуваат, се плашат од српско сценарио

18/03/2025  17:42

Рано е за оценки, не знаеме искрено до каде се истраги, а што е пи-ар. Спинуваат сега, се плашат од српско сценарио, коментира за „Слободен печат“, професорот Гордан Калајџиев на нашето прашање дали власта се амнестира од одговорност од трагедијата што се случи во Кочани во која загинаа 59 млади, со оглед на тоа што вчера се апсеа функционери од поранешната власт, а градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов се уште нема статус на осомничен.

Тој во низа коментари на Фејсбук ја коментираше трагедијата и во дел од нив порача дека партиите не можат да се борат со корупцијата.

,,Тие се легло на корупција. Само независен обвинител може да ја води таа борба” -напиша тој.

Тој исто така го постави прашањето „Како со еден фалсификат се оди во притвор, а со друг на функција“ алудирајќи на контроверзната диплома и сертификатот по англиски јазик на сегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.