Skip to main content
Македонија

Калајџиев: Се оцрнуваат луѓе во опозиција, тоа е најлесно

23/12/2024  21:58

Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во судството во дебата на ТВ Клан Македонија рече дека смета оти Изворот на проблемите во судството е во политиката.

„Политиката е таа што го корумпира судството, Судскиот совет е само една од алатките со кои се управува судството. Најпроблематично е немањето политичка култура кај политичките партии. Тие го искористуваат судството за сопствени интереси и за сопствена заштита“ вели тој.

Според Калајџиев, најдобра и најбрза реформа во судството може да се постигне кого политиката ќе ги крене рацете од судството.

„Во моментот кога политичарите ќе ги кренат рацете судството тоа е доволно професионално и поставено на основи кои само по себе можат да дадат подобри резултати. Се додека се прави овој тип на притисок кој се сведува „да го исчистиме од едни, а да дојдат други“, тоа е фарса од реформи. Ако на обвинителите можат да има шепнат кого да изберат за претседател, замислете што се друго можат да има шепнат, како на пример кого да гонат, кого да не гонат. Полициска држава е ако полицијата апси поради политичка дебата во која некој се оцрнува. А се оцрнуваат луѓе во опозиција. Тоа е најлесно. Тие што паднеле од власт ќе ги оцрниме и ќе ги затвораме“ вели професорот Калајџиев.