Skip to main content
Македонија

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

29/09/2025  23:16

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев на својот Фејсбук профил реагираше на обвинението за пожарот во Кочани, укажувајќи дека проблемот не е во правна грешка, туку во политичка нарачка.

„Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност за пожарот во Кочани. Страшно е што не се работи за грешка туку за нарачка од политиката. Страшно е што сите правни авторитети се сложија дека тоа баш нема да може, а сепак си го тераат! Згора и се унапредуваат во кариерата. Уште пострашно е што судот нема храброст да не го прифати ваквото широко обвинение,“ напиша Калајџиев.