Skip to main content
Македонија

Калајџиев: Притвори под притисок на јавноста, а не од легални причини и тоа пред медиуми со лисици

19/03/2025  20:58

Професорот Гордан Калајџиев се огласи на социјалните мрежи со свое видување на досегашната истрага за трагичниот пожар кој одзеде 59 животи во Кочани. Тој вели не е многу оптимистичен за тоа како се спроведува истрагата и истакна пет факти на кои го темели својот став.

“Јас не сум толку оптимиста за досегашните истраги како други (редовно го следам Туфегиќ) главно заради пет работи:

1. Многу се меша премиерот лично и ја користи за политички поени а особено да избегне лична морална одговорност;

2. Рано е да се заклучи дали професионално е одработено

3. Мвр и Јо тераат не многу координирано (мвр скока како прле пред магаре- ЗКП јасно кажува дека за кривични настани пресовите ги води Јо.

4. Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери и

5. Притвори под притисок на јавноста а не од легални причини и тоа пред медиуми со лисици и сл. што ветуваа дека нема да го прават…”, напиша тој на Фејсбук