
Група малолетни деца со велосипеди намерно повредиле штрк во Гевгелија. Станува збор за штрк кој бил вдомен од гевгеличанката. Случајот предизвика низа реакции на социјалните мрежи.
– Го изудрија штркот со велосипеди, тој е во тешка состојба, децата се видени кои се и што прават од видео камери, вели сопственичката која сподели и фотографија од повреденото животно.
Повторно се покрена прашањето за однесувањето на младината на јавниот простор? Јавниот ред и мир е загрозен од невоспитани и агресивни деца и млади, се реагира на социјалните мрежи каде побараа полицијата да реагира за случајов по допрен глас.
Што им направи штркот за они вака дивјачки да го изубијаат до крвој? Ваквите деца се за во затвор за малолетници, а и нивните родители треба да се превоспитаат во затвор, да мислат и размислат каде ја згрешиле работата чим дошло до тука! Луѓе, тука воопшто не се работи за невоспитани деца, туку за вандали, пореметени во психичкиот развој, за деликвенти, коментира еден граѓанин.
Друг вели дели дека и Кецмановиќ, убиецот од Белград, бил дете, и како таков предизвикал невидена трагедија.