Skip to main content
Спорт

Каква казна го очекува Белингем? За ист прекршок Диего Коста доби осум натпревари суспензија

18/02/2025  11:41

Реал Марид утре ќе го одигра реваншот против Манчестер сити за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но главна тема во шпанските медиуми се уште е Џуд Белингем.

Репрезентативецот на Англија, во саботата, доби црвен картон во 39.минута против Осасуна. Според правилникот на Ла Лига за ваков дисциплински прекршок предвидена е суспензија од четири до 12 натпревари.

Белингем доби црвен картон поради пцовки кон судијата. Тој, но и неговиот тренер Карло Анчелоти тврдат дека судијата не го разбирал добро англискиот јазик, дека Белингем му рекол: „Те почитувам, а сега е.и се“.

Но судијата Мартинез Мунуера има поинаква верзија.

„Белингем рече „е.и се“, јас го премолчив тоа. Но тој продолжи, ја навреди мојата мајка која е почината и решив дека треба да пресечам. Ме нарече „кучкин син“. Знам дека мајка ми не е кучка, затоа решив да го исклучам“, изјави Мунуера.

Во минатото, во Ла Лига имало ваков случај. На 6.април 2019 година Барселона го пречека Атлетико. Во 28.минута, судијата Хесус Хил манзано му покажа црвен картон на Диего Коста.

Диего Коста упатил многу вулгарни зборови кон судијата Манзано, а во една реченица му порачал: „Да ѝ се по….м на твојата е…..а мајка“.

Дисциплинската комисија на Ла Лига, тогаш му изрече суспензија од осум натпревари на Бразилецот со шпански пасош.