Skip to main content
Спорт

Како со гума за бришење избришани 15 бода – Шериф без пораз, но и без шампионска титула

20/05/2025  12:25

Неверојатна приказна доаѓа од Молдавија. Првенството заврши, Милсами ја освои втората титула во историјата на клубот. Но, кога се гледа целата сезона, епилогот е контроверзен.

Милсами го искористи бенифитот што го нуди натпреварувачкиот систем кој во сила е трета сезона.Од ваквиот систем најголем губитник е најтрофејниот клуб Шериф, кој на крајот заврши трет со еден бод помалку од новиот шампион.

Броејќи ги сите натпревари од првенството, 14 во основниот дел и уште 10 во групата за шампионот, Шериф оствари дури 16 победи со осум нерешени резултати, без ниту еден пораз и освои вкупно 56 бода. Од друга страна, Милсами забележа учинок од 12 победи, осум нерешени резултати и четири порази во 24 натпревари и освои 42 поени.

Логичното прашање е како Милсами стана шампион?

Системот на натпреварувањето е таков што по двокружниот систем во лигата од осум екипи во основниот дел од натпреварувањето, првите шест одат во плејофот за шампионот.

Тука системот станува чуден, бидејќи освоените бодови во основниот дел се бришат и плејофот за шампионот започнува од нула.

Така, 36 поени на Шериф и 21 на Милсами беа избришани. Со други зборови, 15 поени беа избришани како гума за бришење.

Во 10-те кола од плејофот за шампионот, Шериф забележа пет победи и пет нерешени и ја заврши сезоната без пораз, додека Милсами имаше шест победи, три нерешени резултати и еден пораз во плејофот за шампионот и на крајот освоија 21 бод, што им беше доволно за да ја освојат титулата.

Шериф, патем, сопственик на рекордни 21 шампионски титули во Молдавија, исто така го заврши главниот дел на првото место минатата сезона, но беше зад Петрохаб во плејофот за шампионот.