
Еден од клучните фактори е внесот на натриум (сол), кој треба да се намали кај лица со висок крвен притисок, додека треба да се зголеми внесот на калиум, калциум, магнезиум и омега-3 масни киселини.
Како природно да се намали крвниот притисок? Постојат многу намирници кои природно можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок. Исто така, диети и обрасци на исхрана како што е медитеранската диета можат да бидат многу корисни.
Еден од клучните фактори е внесот на натриум (сол), кој треба да се намали кај лица со висок крвен притисок, додека треба да се зголеми внесот на калиум, калциум, магнезиум и омега-3 масни киселини.
Калиумот и висок крвен притисок
Калиумот е важен минерал кој помага во намалување на ефектите на натриумот, ги опушта крвните садови и го намалува крвниот притисок. Зголемувањето на внесот на калиум може да го намали систолниот крвен притисок за 2,42 ммХг, а дијастолниот за 1,57 ммХг. Дополнителните 10 ммол калиум дневно (што е приближно една до две порции овошје или зеленчук) може да го намали ризикот од мозочен удар за 40%. Сепак, лицата со болести на бубрезите треба внимателно да го следат внесот на калиум, бидејќи претераниот внес може да биде опасен.
Храна богата со калиум: банана, портокал, диња, праска, спанаќ, компир, домат, мешунки, ореви, семки..
Омега-3 масни киселини и висок крвен притисок
Омега-3 масните киселини помагаат во одржување на здравјето на срцето, го намалуваат нивото на триглицериди и го регулираат крвниот притисок. Покрај нивното антиинфламаторно дејство, тие се клучни за здравјето на мозокот и за зачувување на когнитивните функции.
Извори на омега-3 масни киселини: тунка, лосос, бакалар, сардини, скуша, инчуни, ореви, лен, тиква, мешунки и житарки
Калциум и магнезиум за висок крвен притисок
Калциумот и магнезиумот дејствуваат заедно за да помогнат во намалување на крвниот притисок. Калциумот ја зајакнува структурата на коските и крвните садови, додека магнезиумот помага во спречување на грчеви и го подобрува функционирањето на мускулите. Редовниот внес на овие минерали може да го намали ризикот од срцеви заболувања и хипертензија.
Извори на калциум: млечни производи со низок процент на маснотии како јогурт, млеко. Извори на магнезиум: зеленчук, цели зрна, ореви и семки и риба.
Други препораки:
Намалете ја телесната тежина, ако е потребно, бидете физички активни и спијте доволно. Намалете го внесот на алкохол, цигари и кафе. Правилната исхрана, физичката активност и здравиот начин на живот можат значително да помогнат во намалување на крвниот притисок и одржување на здравјето