
Неуредниот дом не е знак на мрзеливост најчесто е одраз на замор, стрес или премногу обврски. Кога секојдневието нè преоптоварува, организацијата паѓа во втор план, а просторот околу нас почнува да го следи тој внатрешен хаос. Психолозите објаснуваат дека нередот дополнително го оптоварува мозокот. Голем број предмети постојано го „крадат“ вниманието, што ја намалува концентрацијата, ја зголемува раздразливоста и го отежнува чувството на опуштеност дома. Со тек на време, тоа може да доведе до повисоко ниво на стрес, анксиозност, па дури и чувство на срам или вина. Особено кај почувствителни личности, неуредниот простор може да создаде сензорен хаос и да го наруши внатрешниот мир.
Освен тоа, нередот знае да влијае и врз односите луѓето избегнуваат гости, се повлекуваат или чувствуваат дополнителен притисок ако живеат со други. Експертите советуваат расчистувањето да се прави постепено. Наместо генералка, доволно е да се почне од една мала површина и да се одвојат неколку минути дневно. Кратки задачи, паузи и пријатна атмосфера (музика или подкаст) можат многу да помогнат. Најважно е да се запамети: домот не мора да биде совршено уреден. Доволно е да биде простор во кој се чувствувате мирно и без дополнителен притисок.
