
Како што соопштија од полицијата, на 24.05.2025 во 16.54 часот во СВР Скопје, А.Т.(30) од село Инџиково, скопско пријавил дека околу 16.20 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека се движел со товарно возило, три лица кои биле со патничко возило му го попречиле патот, при што едното лице физички го нападнало, додека другите две со употреба на физичка сила се обиделе да го извлечат од возилото. Откако успеал да им побегне, истите го престигнале и со употреба на тврди предмети му го оштетиле возилото и физички го нападнале со тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.